Поврзете се со нас

Свет

Ендрик се погрижи за историја на „Вембли“, Бразил триумфираше во дербито со Англија (Видео)

Објавено

на

Англија беше подобар ривал од Англија во најголем дел од мечот на „Вембли“ и се чинеше дека е поблиску да постигне гол, но на крајот „кариоките“ беа тие кои го пронајдоа патот до мрежата на Пикфорд.

Бразил оствари премиерна победа на првиот меч на Доривал Жуниор како селектор на Бразил, а судбината посака младиот Ендрик да го постигне голот кој направи разлика на „Вембли“.

17-годишниот тинејџер веќе беше претставен како најголем талент од Бразил и тој треба да биде идната голема ѕвезда на Реал Мадрид (веќе потпиша со „кралевите), па својот потенцијал и чувство за гол го покажа по само 9 минути игра.

Ендрик го замени Родриго во 71-та минута, а во 80-та минута ја испрати акцијата во која шутираше Винисиус, а по што тој непречен од никого погоди за 0:1 и стана најмладиот фудбалер кој некогаш постигнал гол на „Вембли“.

За Ендрик ова беше трет настап за најсилниот тим на Бразил, но емоциите доволно открија какво значење за него има првиот гол кој го постигна во светиот дрес.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни