Шпанија
Ендрик откри која легенда на Реал била инспирација на мајсторската завршница (Видео)

Ендрик вчера беше стартер против Реал Сосиедад и постигна мајсторски гол за 1:1 на „Сантијаго Бернабеу“, мајсторија која беше зачинета и со брилијантно додавање од неговиот сонародник, Винисиус Жуниор.
Младиот Бразилец изреагира како расен голгетер и мангупски го лобуваше голманот на противничкиот тим, завршница со која потсети на една легенда на „кралскиот клуб“, славниот Раул Гонзалес.
Интересно, токму Раул му дал препораки на Ендрик како треба да реагира во вакви ситуации, односно му посочил да погледа неколку негови видеа на јутјуб за тоа како се решаваат ситуации еден на еден.
– Кога добив топка во празно од Винисиус, си помислив дека голманот ќе излезе од својата зона. Прво помислив да шутирам силно, но кога видов дека излегува, единствена опција беше да ја поткопам топката и да изведам лоб. На крајот тоа испадна совршено целата акција.
– Додека тренирав со играчите од Кастилја, Раул ме гледаше дека се обидувам да давам вакви голови и често не успеавав. Тој ми порача дека треба да погледнам негови видеа на јутјуб и навистина го направив тоа, – открива Ендрик.
⤴️ @Endrick ⤴️ pic.twitter.com/63UWjHWv2b
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) April 1, 2025
-
Англија23 часа
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија22 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија23 часа
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
НБА20 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
НБА11 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија6 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Лига на шампиони9 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Шпанија11 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)