Поврзете се со нас

Свет

Ендрик ја ископира легендарната прослава на Меси, па порача: Сакам целиот мој живот да го минам во Реал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Ендрик има посебен дар и тоа го демонстрираше на првите пет натпревари кои ги одигра како член на најсилната бразилска репрезентација, бидејќи новата ѕвезда на Реал Мадрид успеа да постигне три гола.

Талентираниот 17-годишен фудбалер стана првиот играч по Пеле кој постигнал три гола за Бразил на возраст помала од 18 години, а за да биде уште поинтересно, утринскиот победнички гол против Мексико го прослави во стилот на Лионел Меси.

Ендрик погоди за победа во 96-та минута по додавање од Винисиус и ја режираше незаборавната прослава на Меси од „Сантијаго Бернабеу“, па откако го направи тоа, даде и изјава со која најави дека очекува да одбележи една незаборавна ера како играч на „кралскиот клуб“.

– Се надевам дека ќе го минам целиот мој живот во Реал Мадрид, навистина го посакувам тоа. Колку подобри играчи има во тимот, толку поголемо ќе биде уживањето да се игра со нив, – изјавил Ендрик, алудирајќи на трансферот на Мбапе.

Ендрик има само 17 години и веќе прерасна во голема фудбалска ѕвезда во Јужна Америка, па навистина ќе биде интересно да се види како ќе се вклопи во супер моќниот тим на Карло Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни