Лига на шампиони
Ендрик го собори рекордот на Раул, па доби признание од Анчелоти: Покажа дека има…
Реал Мадрид многу тешко го скрши отпорот на Штутгарт и дојде до првата победа во главната фаза на Лигата на шампионите, а Ендрик успеа да го постигне првиот гол во европското натпреварување уште на своето деби.
Бразилецот шутираше од голема далечина во контра во која имаше двајца соиграчи како опција за проигрување, но на крајот го совлада Нибел, со што собори и рекорд на клупската легенда Раул Гонзалес.
Ендрик го постигна голот на возраст од 18 години и 58 дена, со што стана најмлад стрелец во ЛШ во клупската историја на Реал Мадрид, оставајќи го зад себе Раул кој стигна до ист ефект на 18 години и 113 дена.
Новинарите не пропуштиле да добијат реакција и од тренерот Карло Анчелоти, посебно што Тибо Куртоа истакна дека „ќе го убиел“ Ендрик ако не постигнел гол.
– Тој покажа дека има „топки“. Најдобра опција во таков момент е на најсоодветен начин да се искористи предноста во акцијата „три на еден“, но тој беше самоуверен и шутираше добро. Се работеше за комплицирана ситуација, но излезе добро за него и за екипата, – рекол Анчелоти.
Куртоа за последната акција на Реал: Покажа карактер што не им подаде на Винисиус и Мбапе! (Видео)
-
Свет8 часа
Роналдо се сретна со Шчесни и привлече внимание со коментарот кој му го даде за трансферот во Барса (Видео)
-
Свет16 часа
Гвардиола за најголемиот фудбалер на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него…
-
Лига на нации18 часа
Кин за англиската ѕвезда: Не можам да поверувам колку е лош, подобри тимови…
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер (Видео)
-
Лига на нации13 часа
Норвешка потопена, Халанд на „тапет“: Знаев дека ќе побегне…(ВИДЕО)
-
Италија17 часа
Бонучи го „избриша“ Милан од трката за Скудетото: За титулата ќе се борат…
-
Шпанија16 часа
Јамал се огласи и испрати порака по повредата која ја заработи против Данска
-
НБА15 часа
Јокиќ трчаше, Вестбрук му мереше време: Многу си брз (ВИДЕО)