Поврзете се со нас

Свет

Ендрик дебитираше за Бразил и го потисна Роналдо на вечната листа (Видео)

Објавено

на

Бразил загуби од Колумбија во квалификациите за СП, а тој епилог не можеше да го спречи ниту дебитантот Ендрик.

Идниот фудбалер на Реал Мадрид доби прва шанса во сениорската репрезентација и настапи во завршницата на дуелот во Колумбија, а неговиот настап значи дека е четврти најмлад дебитант во историјата на „селесао“.

Ендрик е и најмлад дебитант по Роналдо во 1993 година, а со возраста од 17 години и 118 дена го потисна легендарниот напаѓач на петтото место на вечната листа.

Пред Ендрик се три легенди на Бразил од минатиот век, а предводени од Пеле кој е се уште на првото место, откако дебитирал за Бразилс со 16 години и 257 дена во 1957 година.

Ендрик зад себе ги остави Роналдо и Нејмар, а се очекува да го потврди својот потенцијал и во Европа, откако ќе се пресели во редовите на Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни