Поврзете се со нас

Англија

Енцо постигна мајсторски гол, Челси издоминира на „Вила Парк“ (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/EmiratesFACup

Челси обезбеди место во осминафиналето на ФА купот, победувајќи на повторениот дуел со Астон Вила (1:3), кој овојпат го играше на гостински терен.

По ремито без голови во Лондон, Вила ја презема улогата на домаќин на втората средба, но гостите издоминираа, рано решавајќи ја дилемата за патникот во следната рунда.

Галахер го отвори резултатот во првиот дел, а Џексон зголеми на 0:2, за најатрактивниот момент на средбата да биде во режија на Енцо Фернандес.

Аргентинецот постигна мајсторски погодок од слободен удар, совладувајќи го својот колега од националниот тим, Емилијано Мартинез за 0:3, а домаќините до крајот само намалија за конечни 1:3.

Челси во четвртфиналето ќе му биде домаќин на Лидс Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни