Поврзете се со нас

Шпанија

Ен Несири тргна да се пресметува со својот тренер, Окампос ги двоеше соиграчот и искусниот стручњак (Видео)

Објавено

на

Севилја пропушти убава шанса да избега од опасната зона на табелата во Ла Лига, но што е уште полошо, загуби од тим кој исто така е блиску до местата кои водат во Втора лига.

Селта Виго направи тренерска смена и со нов стручњак пристигна на „Рамон Санчес Писхуан“, па иако почна со негатива на гостувањето во Севилја, на крајот се израдува на три бода.

Гостите од Галиција предводени од Хиралдез се избори за пресврт и победија со 1:2, а тоа донесе навистина негативна атмосфера на трибините во Севилја, нешто за што претходно се погрижија и претставници од првиот тим.

Напаѓачот Ен Несири беше стрелец на голот за водство и навистина лошо ја прифати измената, па откако шутираше се пред себе пред клупата, доби опомена од својот тренер.

Забелешките на Кике Санчес Флорес не му се допаднаа на Ен Несири и голгетерот тргна да се пресметува со својот тренер, а Окампос спречи поголем инцидент и вистински циркус крај аут линијата.

Видеото погледнете го ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни