Поврзете се со нас

Италија

Емре Џан: Го запознав Роналдо во Јувентус и можам да кажам каков е кога губи

Објавено

на

Во ексклузивното интервју кое го направи за „Билд“, Емре Џан говореше за сличноста меѓу Борусија Дортмунд и Ливерпул од гледна точка на атмосферата во тимот и влијанието на фановите од трибините, но исто така, даде интересна изјава и за фудбалерот кој во изминатиот период беше негов соиграч во Јувентус.

Германскиот играч за врска го напушти Торино изминатиов јануари со цел да ја добие минутажата која комплетно ја загуби со Сари, но ако не може да говори многу за италијанскиот стручњак, таков не е случајот за Кристијано Роналдо со кого соработуваше повеќе од една година.

– Го запознав Кристијано во Јувентус и можам да кажам каков е кога губи. Ако загуби и меч на тренингот, воопшто не е расположен за хумор и потсмевање. Од друга страна, ако победи, слави како да е вистински меч и дополнително им ја отежнува ситуацијата на губитниците. Тој е навистина голем лидер, – порачува Џан.

Пред неговата етапа во Јувентус, Џан фудбалски се прокламираше како член на Ливерпул, тим кој според него е доста сличен со Борусија.

– Атмосферата во Борусија е како во Ливерпул. Атмосферата е фамилијарна и навивачите се уникатни како и во Ливерпул. Не е чудно што и двата клуба го сакаат Клоп, – додава Џан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни