Поврзете се со нас

Италија

Емполи се врати во Серија А, Лече на Николов загуби на дербито со Монца

Објавено

на

Екипата на Емполи се враќа во Серија А, откако на две кола до крајот на втората италијанска лига си обезбеди доволна бодовна залиха со која не мора да игра во плејофот.

Емполи се враќа во елитата по две години пауза, а денеска славеше со убедливи 4:0 против Козенца, со што има седум бодови повеќе од второпласираната Салернитана.

Лече на нашиот репрезентативец Бобан Николов загуби на дербито од Монца со 1:0, а македонскиот фудбалер влегол во игра во 58. минута, иако Лече до крајот не успеа ниту да израмни.

Победите на Салернитана и Монца значат дека Лече на две кола до крајот го загуби второто место кое води директно во Серија А, сега Салернитана има два бода повеќе, додека Монца се израмни со Лече, по што останува неизвесноста која од овие две екипи ќе оди директно во елитата.

Третото и четвртото место водат во полуфиналето на плејофот, додека екипите од петтото до осмото место ќе играат една рунда повеќе во обидот да изборат место во првата лига. Во оваа зона се Венеција, Читадела, Киево и Бреша.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни