Поврзете се со нас

Англија

Емотивно видео доаѓа од Англија: Како дете син му беше во количка, сега го виде како дебитира во ФА Купот

Објавено

на

Навистина емотивно видео се појави на социјалните мрежи по натпреварот од ФА Купот помеѓу тимовите на Шефилд Вендсдеј и Екзетер.

Во последните моменти од натпреварот шанса за деби настап во тимот на Шефилд Вендсдеј доби младиот Деклан Томпсон, а токму овој момент предизвика бура од емоции во неговото семејство.

Имено, на младиот Деклан како дете му била дијагностицирана многу ретка болест поради која морал 18 месеци да помине во инвалидска количка. Докторите во тој период не му давале многу шанси за да прооди, а не пак да заигра фудбал, за пред два дена тој да дебитира во сениорскиот фудбал во дресот на Шефилд.

Моментот кога младиот Томпсон дебитираше беше снимен од домот на неговото семејство, а кога татко му Ли дозна дека тој ќе влезе во игра не можеше да ги задржи емоциите.

Видеата од емотивниот момент на Ли Томспон кој е и асистент во тимот на Стоксбриџ Парк брзо станаа вирални на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни