Поврзете се со нас

Англија

Емотивно писмо после девет години во клубот: Си заминува напаѓачот кој никогаш не ги оправда очекувањата во Јунајтед (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/martial_9

Антони Марсијал пристигна како голема ѕвезда во Манчестер Јунајтед пред девет години и тогаш клубот издвои 60 милиони за негов ангажман, што направи Французинот да биде најскапо платен тинејџер во тоа време.

За жал, поранешниот француски репрезентативец никогаш не ги оправда очекувањата на „Олд Трафорд“ и неговата етапа во клубот најмногу ќе се памети по честите повреди, кои на крајот направија да не може чесно и какошто заслужува да се прости од теренот.

Марсијал беше во аут од месец септември и не одигра на ниту еден официјален меч, па сега после девет години неговата ера во клубот и дефинитивно завршува откако му истече договорот.

– Драги навивачи на Манчестер Јунајтед, со многу емоции ви пишувам денес за да кажам довидување. После девет неверојатни години во клубот, дојде време да свртам нова страница во мојата кариера. Откако пристигнав во 2015-та година, со огромна гордост го носев овој дрес и играв со него пред вас, најдобрите навивачи во светот! Вие бевме огромна поддршка, и во добри и во тешки моменти. Вашата страст и лојалност ми беа постојана мотивација.

– Сакам да ви се заблагодарам од срце за се што направивте за мене. Вашите песни, вашите охрабрувања и вашата љубов се спомени кои секогаш ќе бидат закоравени во моето срце. Сакам да испорачам благодарност до сите соиграчи, со стручните штабови, до сите вработени во клубот. Горд сум што го споделив ова искуство со вас. Манчестер Јунајтед секогаш ќе биде во моето срце. Овој клуб остави трага во мојата кариера и ми овозмижи неверојатна шанса да играм пред вакви фанови. Си одам за да почнам нов предизвик, секогаш ќе бидам „црвен ѓавол“ и ќе продолжам да го следам клубот со страст. Ви благодарам уште еднаш за се и се гледаме наскоро. Со сета љубов, Антони Марсијал, – гласи писмото на Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни