Поврзете се со нас

Лига Европа

Емотивниот Станковиќ клизаше на теренот: Ова е историја, најголем успех после Бари (Видео)

Објавено

на

Црвена Звезда излезе како непоразена од Брага и го освои првото место во групата Ф, што значи дека српскиот првак директно се пласираше во осминафиналната фаза на Лигата на Европа, прескокнувајќи ја претстојната 1/16 финална фаза во која ќе играат третопласираните од Лигата на шампионите и вторите од Лига Европа.

Звезда успеа да се одбрани и одигра 1:1 на гостувањето на стадионот „Мунисипал де Брага“, а нерешениот исход донесе огромни емоции кај тренерот Дејан Станковиќ кој си даде за право да заклучи дека ова е најголем успех за клубот по оној историскиот во Бари кога беше освоена Европската титула.

Станковиќ клизаше на теренот во Брага по последниот судиски свиреж, а беше уште поемотивен додека даваше интервју за телевизијата „Арена Спорт“.

– После Бари, овие момци испишаа нова историја. Зборувавме за вакво нешто, ова е тој натпревар, оној момент кој не прави горди. Повредите ни направија проблеми, но пронајдовме сили и успеавме. Освоивме 11 бода во група со Брага, Митјиланд и Лудогорец и заслужено сме први.

– Сега ќе ја пресконеме претстојната ждрепка и ќе чекаме противник во осминафиналето. Јас сум реален, не чека многу работа, сега е време да се освежиме. Сега сум само среќен. Се вратив во Звезда, дома сум и нереално е што испишуваме историја после Бари. Имаше и многу други добри моменти, но ова е врвот, – порача Станковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни