Поврзете се со нас

Шпанија

Емотивниот Симеоне го напушти интервјуто по големиот јубилеј на клупата на Атлетико (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/atletienglish

Атлетико Мадрид вчера направи пресврт за победа против Алавес во Ла Лига, со што фудбалерите на вистински начин го одбележаа историскиот јубилеј на тренерот Диего Симеоне.

За популарниот „Чоло“ ова беше 700-ти натпревар на клупата на Атлети, со што не е само тренер кој најдолго ја извршува функцијата во некој шпански клуб, туку и рекордер во историјата на Ла Лига.

По натпреварот, 54-годишниот Аргентинец не можел да го избегне задолжителното интервју, но емоциите го спречиле да го комплетира истото. Вообичаената изјава е прекината од тренерот откако му беше тешко да ги доврши речениците по прашањето што ќе се случува со Атлетико, кога тој еден еден нема да биде на таа позиција.

– Уживам во моментот, моите фудбалери работат напорно и го прават она што го сакаме и бараме од нив.

– Мирен сум, тука сум на местото на кое сакам да бидам. Тоа е, чао, – рекол емотивниот Симеоне и му го оставил микрофонот на Хуанфран, кој бил дел од екипата која го интервјуираше тренерот на Атлетико.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни