Поврзете се со нас

Италија

Емотивниот Мурињо со десет избрани збора им се обрати на фановите на Рома (Видео)

Објавено

на

Foto: twitter.com/ASRomaEN

Жозе Мурињо самиот велеше дека живее фудбалски сон од денот кога стави потпис на договор со Рома, но истиот вчера доби свој крај откако раковдството на клубот реши да му врачи отказ.

Браќата Фридкин ја прекинаа соработката со искусниот португалски стручњак и на доста суров начин го известија дека веќе нема да го води првиот тим, па сето тоа сценарио направи Португалецот со солзи во очите да го напушти Тригорија тренинг комплексот.

Мурињо не можел ниту да замисли дека вчерашното пристигнување во центарот ќе биде последно за него како тренер на Рома, но откако тоа стана сурова реалност, на Жозе му требаа неколку часа да се прибере.

Португалецот испрати порака до навивачите на Рома доцна во ноќта, користејќи десет избрани збора за тоа што го доживеа во Рим во изминативе две ипол години.

– Пот, крв, солзи, радост, тага, љубов, браќа, историја, срце, вечност, – гласи пораката на Жозе која е синоним за чувствата кои ги доживеа на „Олимпико“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни