Поврзете се со нас

Шпанија

Емотивниот Меси низ солзи се прости од Барселона: Лани сакав да си одам, сега сторивме се за да останам

Објавено

на

Лионел Меси ќе биде во центарот на вниманието во текот на денешниот ден откако на „Камп Ноу“ ја одржува својата проштална прес конференција како играч на Барслеона.

Во прес центарот на стадионот, пред многубројни новинари и сите соиграчи Меси имаше емотивно обраќање во кое образложи зошто заминува.

Иконата на Барселона посочи дека е многу тажен што си оди од клубот и потврди дека тој и Лапорта сториле се за да продолжат заедно, меѓутоа правилата на Ла Лига биле такви, па клубот морал да го ослободи играчот.

– Бев убеден дека ќе останам во Барселона, постигнавме договор. Ова е мојот дом, нашиот дом. Сакав да останам и таков беше планот, а денеска морам да се збогувам со целиот мој живот кој го поминав овде.

– Сторив се што можам, клубот, Лапорта сторија се што можат, но не можевме ништо против Ла Лига. Во јавноста се кажаа многу работи за мене, дека јас инсистирам да си одам, но ве уверувам дека направив се што е во моја моќ за да останам.

– Минатата година не сакав да останам и го кажав тоа, но оваа година сакав и одлучив да останам, меѓутоа не можев. Ова е момент кој навистина не го очекував, нема да лажам, точно е дека лани сакав да си одам, но годинава не и токму затоа сум многу тажен, -изјави Меси на прес конференцијата кој потоа истакна дека ова е најтешкиот момент во неговата кариера.

– Без сомнеж ова е најтешкиот момент во кариерата. Сум имал многу тешки моменти, многу порази, но на крајот на денот сега нема да имам можност да се вратам на теренот, нема да можам да тренирам тука.  Ова е крај за мене во овој клуб. Да, ова е најтешкиот момент во кариерата, -одговори Меси на новинарското прашање.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни