Поврзете се со нас

Франција

Емотивниот Мбапе ја стави во втор план својата иднина и порача: Останува само да се молиме (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Лионел Меси и Серхио Рамос на најлош можен начин ги завршија своите кариери во ПСЖ и претрпеа пораз од Клермон на домашен терен, но во ситуација кога резултатот немаше посебна важност, доста големо внимание привлекоа и реакциите од трибините.

Присутните фанови на „Паркот на принцовите“ испратија серија свирежи за Лео Меси од кого очигледно не го добија тоа што го посакуваа, а додека Аргентинецот полека ги пакува куферите, јавноста ги истакна и емотивните моменти кои ги видовме на трибините.

Навивачите на ПСЖ му изразија голема поддршка на Серхио Рико кој се бори за својот живот по падот од коњ, нешто од што е максимално погоден и Килијан Мбапе. Француската ѕвезда ја стави својата иднина во втор план, односно порача дека најмалку важно е тоа што веќе го кажа, фактот дека ќе остане во Париз.

– Веќе кажав, се уште имам договор и ќе останам тука. Клубот ќе направи се што е во негова моќ и ќе бидам задоволен со тоа што ќе го имаме следната сезона.

– За мене, најважно вечерва беше да му испратиме поддршка на Серхио. Сите сме емотивно потресени, ситуацијата е навистина тешка и загрижени сме цела недела. Моравме некако да испратиме поддршка за него. Останува само да се молиме, благодарни сме им на фановите кои испратија позитивна енергија. Сите се надеваме дека ќе излезе од оваа ситуација што е можно поскоро, – изјави Мбапе.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни