Емотивна сцена на Сардинија: Симеоне даде гол против Фиорентина, па се расплака во чест на Астори (Видео)

gio-astori

Калјари продолжи со фантастичните изданија во Серија А и ова попладне ја декласираше Фиорентина со 5:2, триумф со кој тимот од Сардинија се искачи дури до четвртото место на првенствената табела.

Најдобар израз за доминацијата на денешниот меч е фактот што Калјари водеше со 5:0 по 65 минути игра, а само во финишот кога се опушти, им дозволи на гостите да постигнат два гола. Еден од стрелците на Калјари интересно беше доскорешниот член на „виолетовите“, Џовани Симеоне, а фактот што му даде гол на својот поранешен тим го натера да се потсети на Давиде Астори, по што пушти и некоја солза во емотивните моменти, пред да го поздрави својот вечен капитен со уникатен гест.

Facebook Коментари