Поврзете се со нас

Свет

Емотивна сцена: Луис Диаз во прегратка на својот татко во Колумбија (Видео)

Објавено

на

Фото: https://fcf.com.cо

Луис Диаз конечно се сретна со својот татко, во емотивен момент кој го забележаа и медиумите во Колумбија.

Таткото на ѕвездата на Ливерпул беше киднапиран и држен како заложник 12 дена од страна на колумбиската „Национална армија за ослободување“, но на крајот е ослободен неповреден.

Герила групата ги киндапираше родителите на Диаз на бензинска станица во нивниот роден град, мајката на фудбалерот беше пуштена истиот ден, но Диаз беше под голем притисок поради неизвезноста за судбината на неговиот втор родител.

Луис Мануел Диаз повторно е слободен човек, но мораше да чека неколку дена за средбата со својот син, кој допатува во Колумбија за да се подготвува со националниот тим за дуелот со Бразил.

Додека траеше целата ситуација, Диаз пропушти два натпревара на Ливерпул, а влезе од клупата на соочувањето со Лутон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни