Емотивна реакција на Јанг кога дозна дека е избран во почетната петторка на Ол-Старот: Шутерот на Атланта не можеше да ги сокрие солзите (Видео)

traejang

Трае Јанг, одличниот играч на Атланта Хокс за прв пат ќе игра во почетната петторка на еден Ол-Стар натпревар.

Одличните партии во тимот од градот на Кока-колата му го донесоа ова големо признание на Тре Јанг кој ќе дебитира на Ол-Стар натпреварот во Чикаго.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа Тре Јанг со неговото семејство како го проследуваат во живо изборот на десетте играчи кои ќе земат учество на престижниот натпревар. Кога се спомна неговото име следеше емотивна реакција, а кошаркарот не можеше да ги сокрие солзите.

Оваа сезона, Тре Јанг бележи по 29.2 поени во просек а има и 8.6 асистенции и 4.7 скокови по натпревар.

Facebook Коментари