Поврзете се со нас

Англија

Емотивна објава на Давид Силва по последниот натпревар одигран на „Итихад“

Објавено

на

Фудбалерите на Манчестер Сити имаа многу причини за прослава откако во текот на вчерашниот ден го елиминираа тимот на Реал Мадрид од Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ со 2:1 го добија натпреварот на својот терен, а истиот ќе има посебно значење за искусниот Давид Силва.

Шпанецот го одигра последниот домашен натпревар во дресот на Манчестер Сити затоа што по завршувањето на настапите во Лигата на шампионите и официјално ќе си замине од клубот.

Токму затоа по натпреварот Давид Силва објави фотографија на Твитер со која се збогуваше со стадионот на кој ги помина најубавите и најтрофејни десет години од кариерата.

Следниот клуб во кој Давид Силва веројатно ќе игра е италијанскиот гигант Лацио кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни