Поврзете се со нас

Репрезентација

Емотивна конверзација: Легендарниот Дончевски му се јави на Ангеловски од Австралија и го коментираше историскиот успех

Објавено

на

Австрилиското радио „Ес-Би-Ес“ го удостои македонскиот селектор Игор Ангеловски со едно специјално интервју, па откако популарниот Мрме ги поздрави сите Македонци во Австралија кои се радуваат на историскиот пласман на Европското првенство, во студиото се појави еден добро познат гостин.

Андон Дончевски како прв селектор во историјата на македонската фудаблска репрезентација ја искористи шансата да му испрати навистина искрени честитки на актуелниот предводник на селекцијата, потенцирајќи дека тој имал верба во неговите квалитети уште во времето кога Илчо во 2015-та година го постави како селектор на А тимот.

– Браво синко, не израдува сите, знаеш дека јас често те охрабрував. Од овој тим направи силна репрезентација, ги сплоти сите. Имаш голем поздрав од чичко Дончо, вервував во тебе и твоите квалитети и способности. Ќе кажам дека не надмина сите, ги насмина сите селектори со овој историски успех. Твоето име ќе биде испишано со златни букви, ќе остане запишано во историјата. Ја сплоти екипата, најголеми заслуги имаш ти Игоре, – му се обрати легендарниот Дончо Национале на Ангеловски.

– Уште кога те постави Илчо, јас ја поддржував таа одлука и бев прв да се врати Пандев во Македонија. Ти со твојата умешност успеа да го направиш тоа, нависитна многу се радувам. Постигна нешто што сите го сонувавме, а особено јас. Ја водеше репрезентацијата како многу искусен тренер, како да си Мурињо. Ти посакувам многу здравје. Честитки заслужуваат и Мети Сејдини и Филип Поповски кои те поддржаа изминативе години, – порача Дончевски кој во продолжение доби благодарност од Мрме за убавите зборови.

Целосната конверзација во радио емисијата на „Ес-Би-Ес“ ја објави ФФМ и истата ви ја прикажуваме во целост.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни