Поврзете се со нас

Свет

Емотивен крај: Суарез постигна гол на последниот натпревар за Гремио и го прослави во стилот на Меси (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Gremio

Луис Суарез имаше кратка, но слатка авантура во бразилскиот клуб Гремио, од кој си заминува по неполна година мината во Порто Алегре.

„Ел Пистолеро“ со своите изданија брзо прерасна во миленик на публиката, а последниот меч пред домашните навивачи го заврши на најдобар можен начин, односно со постигнат гол.

Суарез го постигна единствениот гол во победата над Васко де Гама со резутлат 1:0, па реши истиот да го прослави во стилот на својот добар пријател, Лионел Меси.

Проценки се дека Суарез ја завршува оваа етапа во Бразил за да му се приклучи на Лео во Интер Мајами, а наредните неколку седмици ќе покажат дали целата зделка ќе се кристализира.

Гремио како клуб му се заблагодари на Суарез за сето она што го направи во изминативе месеци, нагласувајќи дека четвртиот најдобар голгетер во историјата постигнал 27 гола бранејќи ги боите на бразилскиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни