Поврзете се со нас

Балкан

Емоции и тага во Атина: АЕК го повлече дресот на прерано починатиот Јеловац (Видео)

Објавено

на

Грчкиот кошаркарски клуб АЕК вечерва ја реализираше најавата и го повлече од употреба дресот со број 13, кој до неодамна го носеше српскиот интернационалец Стеван Јеловац.

Докторите не успеаја да му го спасат животот на 32-годишниот Јеловац кој доживеа мозочен удар за време на тренинг на својата екипа во Атина.

АЕК реши да ја повлече тринаесетката во чест на Јеловац, а вечерва тој потег беше поздравен и со долг аплауз од домашните навивачи кои дојдоа да го проследат натпреварот од кошаркарската Лига на шампиони против Сомбатели.

Србинот ја загубил свеста на 14-ти ноември за време на тренингот на грчкиот тим и успеал да биде реанимиран од страна на лекарите. Неговата состојба се водеше како критична и тој се бореше за својот живот откако беше префрлен во болницата во Белград на барање на семејството, но не успеа да ја добие најважната битка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни