Поврзете се со нас

Македонија

Емини со мајсторија му пресуди на Работнички, Шкупи уште еден чекор поблиску до титулата

Објавено

на

Тимот на Шкупи е чекор поблиску до пехарот во првата македонска лига откако попладнево забележа уште една победа и тоа во пресметката со последно пласираниот Пелистер.

Избрниците на Седлоски одново беа цврсти од одбраната, па еден гол им беше доволен за славје, гол кој дојде преку Имери во 65 минута.

Македонија Ѓорче Петров пак во својот дома славеше над градскиот ривал Работнички со 1-0. Победничкиот гол падна по една соло акција на Емини кој прво украде топка, па се прошета низ одбраната и со топовски удар го матираше Мустафа.

„Лавовите“ сега со 53 бода дојдоа до второто место на табелата.

Во последниот денешен натпревар Борец избори триумф против Струга од 2-0. Останатите три дуели од ПМФЛ се играат утре од 16 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни