Поврзете се со нас

Македонија

Емини и Адеми донесоа дерби победа за Беса, Тетекс го „потопи“ Детонит

Објавено

на

foto:www.facebook.com/besa.doberdoll

Екипата на Беса славеше над Кожув со 2-0 во дерби натпреварот од 6. коло во Втората македонска фудбалска лига.

Избраниците на Таневски во претходната рунда беа совладани од Детонит, потоа беа елиминирани од Вардар во Купот на Македонија, па овој триумф им беше повеќе од потребен за да се вратат на правиот, победничкиот пат.

Кожув влезе во оваа соочување со максимален учинок, пет победи на пет натпревари, но денеска почувствува како е да се биде на другата страна или поточно за тоа се погрижија Емини и Адеми кои дадоа по еден гол во двете полувремиња.

Составот на Тетекс пак оствари неочекуван триумф над Детониот и тоа со убедливи 4-0, додека пак Пелистер го потврди статусот на фаворит во соочувањето со Караорман (4-1).

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО.

ПЕЛИСТЕР – КАРАОРМАН 4-1

БЕСА – КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 2-0

БАШКИМИ – КАМЕНИЦА САСА 2-2

ПОБЕДА – НОВАЦИ 1-1

ТЕТЕКС – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 4-0

АРСИМИ – ВАРДАР НЕГОТИНО 1-0

ОХРИД – СКОПЈЕ  1-0

ОСОГОВО – БЕЛАСИЦА 3-1

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни