Шах
Емил Ристески во перфектен стил до титулата ФИДЕ мајстор

Младиот македонски шахист Емил Ристески ги исполни условите за освојување на титулата ФИДЕ мајстор, која според актуелните пропозиции им се доделува на шахистите во моментот кога ќе го надминат рејтингот од 2300 поени.
Ристески учествува на турирот „Трофеј на Белград“, каде што во второто коло приреди сензација совладувајќи го прворангираниот играч според стартниот рејтинг, 78-годишниот велемајстор Милан Вукиќ од Босна и Херцеговина. За оваа победа тој прокнижи нови 40 рејтинг поени со што го остварил потребниот услов.
Со овој успех тој се приклучува кон младата гарда на македонски шахисти предводена од двајцата млади Интернационални мајстори, Никола Николовски и Тони Лазов, поради што шаховската јавност во Македонија има големи очекувања од нив во иднина.
Ристески е во шахот нешто повеќе од пет години, откако со древната игра се запозна како ученик во училиштето „Јахја Кемал“, една од ретките образовни институции во Македонија кои го вклучиле шахот во наставната програма, по што имаше метеорски напредок благодарение на тамошниот професор ИМ Орце Данчевски и неговиот колега ИМ Марјан Митков.
Последнава година, тој се унапредува во сериозен играч работејќи со долгогодишниот репрезентативец и „прва табла“ на Македонија, ВМ Трајко Недев.
Оваа година Ристески настапуваше за второлигашката екипа МШК „Центар“ и ја предводеше како играч на прва табла до пласман во Првата лига. Воедно, тој е младински шампион на Македонија во категоријата до 16 години.

- Англијапред 17 часа
Лукаку долови кое е неговото вистинско мислење за Солскјер и напредокот на Јунајтед
- Лига на шампионипред 18 часа
Суарез примени нова валкана техника, Џо Кол издоминира: Има напредок, од гризење се префрли на….. (Видео)
- Лига на шампионипред 16 часа
Жиру: Му порачав на Мејсон Маунт дека тој ќе биде виновен доколку не го признаат голот (Видео)
- АТПпред 13 часа
Надал: Неверојатно е што правеше Медеведев против Ѓоковиќ, тоа е неприфатливо!
- НБАпред 15 часа
Вистински урнебес: Јокиќ и Шек имаа конверзација на српски јазик (Видео)
- Шпанијапред 12 часа
Тони Крос: Јас речиси никогаш не сум повреден, навистина не знам што прават соиграчите…..
- Светпред 15 часа
Фердинанд: Добивме доказ колку е лоша шпанската Ла Лига!
- Англијапред 13 часа
Тухел си ја призна грешката и го испофали својот херој: Тој тренира како да има 15 години помалку!