Поврзете се со нас

Конференциска лига

Еми шоу: Мартинез одбрани два пенали и ги замолкнуваше Французите среде Лил (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AVFCOfficial

Емилијано Мартинез речиси две години е најомразена спортска личност во Франција, а вечерва го оправда таквиот статус со своето однесување и провкациите кои ги разменуваше со навивачите на Лил.

Францускиот претставник одлично го отвори мечот со Астон Вила и брзо ја анулираше негативата од Англија, но потоа во вториот дел стигна и до втор гол со кој беше блиску до полуфиналето во Конференциската лига.

Тимот на Унаи Емери беше во незавидна ситуација на три минути пред крајот, но тогаш Кеш постигна гол за 2:1 и така овој двомеч отиде во дополнителни 30 минути игра.

Бидејќи немаше разрешница и во овој дел, на крајот одлучуваа ударите од 11 метри, а во пенал рулетот одново клучен беше актуелниот светски шампион.

Мартинез го одбрани првиот пенал на Бенталеб и почна да ги замолкнува Французите, па откако на крајот го одбрани и ударот на Андре почна да танцува и да го слави пласманот во полуфиналето.

Интересно, Емилијано доби и два жолти картони на овој меч, но оној кој го доби во регуларниот дел се поништува при стартот на пенал рулет, па затоа Аргентинецот не беше исклучен од судијата.

Видеото од Мартинез погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни