Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Емери за невидениот пенал во ЛШ: Никој не знае да објасни што се случи (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/AVFCOfficial

Астон Вила загуби на гостувањето во Белгија кај Клуб Бриж со 1:0, а пресудниот момент се случи на стартот на вториот дел кога сите на стадионот беа сведоци на неверојатна ситуација.

Во едни невидени услови во Лигата на шампиони, главниот судија Тобијас Шпилер покажа на белата точка, па во истиот момент беше јасно дека ситуацијата ќе стане вирален хит и на социјалните мрежи.

По контактот со нога од Еми Мартинез, Тајрон Мингс ја фати топката со рака мислејќи дека играта не е почната, но ситуацијата добро ја следеше Штилер кој веднаш покажа на белата точка.

Невнимателниот Мингс се погрижи да видиме невиден пенал во најелитното натпреварување, а Унаи Емери со негодување и неверување ја проследи целата ситуација.

– Ова е најголемата грешка која сум ја видел во мојата тренерска кариера. Грешката беше нависитна многу чудна, но тоа е фудбалот. Никој не може да ми објасни што се случи, ниту Мартинез, ниту Мингс. Ова не смее да ни се повтори и нема да ни се повтори. Сметам дека никогаш во животот нема да видам нешто исто во мојот тим, – изјави Емери.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни