Емери за Арсенал и засилувањата: Ќе бидиме трпеливи, сакаме да донесеме…

emeri

Арсенал е тим кој е најмирен на трансфер пазарот кога е во прашање големата шестка од Премиер лигата, односно досега официјално го има обезбедено младиот Бразилец, Габриел Мартинели.

Ова секако не е добра вест за „топчиите“ кои сакаат да напредуваат во следнава кампања, меѓутоа дефинитивно потребни се засилувања и тоа го знае и тренерот Унаи Емери. Шпанскиот стратег е свесен дека Арсенал нема многу финансиски средства на располгање, но верува дека трпението ќе се исплати и тие на крајот ќе успеа да донесат неколку нови имиња до 8 август кога заврши преодниот рок за премиерлигашите.

-Јас сум трпелив затоа што сакаме да го избереме најдоброто решение. Некои играчи се многу скапи и ја чекаме оваа можност. Ние засега не сакаме да одиме со втората листа на играчи. Ние чекаме. Имаме многу добри играчи. Имаме многу добри млади играчи. Свесни сме и дека треба да подобриме некои играчи во овој состав. Сакам да потпишеме со еден, два, три, четири играчи ако сме сигурни дека ќе го подобриме нашиот тим, -порача Емери.

Според информаците Арсенал е блиску до Вилијам Салиба од Сент Етјен и Дани Себалјас за кого Зинедин Зидан треба да даде зелено светло за позајмица, додека останува да видиме што ќе се случи со Тирни и Заха за кого постои голем интерес од клубот од Лондон, но понудите за нив беа одбивани.

Facebook Коментари