Поврзете се со нас

Англија

Емери удри по Озил: Направив се за да му помогнам, ама неговиот став и посветеност…

Објавено

на

Шпанскиот стратег, Унаи Емери имаше неуспешна авантура во таборот на премиерлигашот Арсенал каде беше отпуштен по нешто повеќе од една година.

Емери во својот престој во Лондон влезе во конфликт со Месут Озил и ретко кога германскиот интернационелц беше стартер за „топчиите“, но за тоа самиот тој бил виновен.

-На крајот тој треба сам да се погледне. Неговиот став и посветеноста. Се потрудив да му помогнам на Озил. Низ мојата кариера, талентираните играчи секогаш биле мои фаворити и тие со мене играа на најдоброто или блиску до нивното најдобро ниво.

-Јас секогаш бев позитивен со него во однос на тоа што сакав да биде вклучен, но тогаш ставот што тој го донесе, како и нивото на посветеност, тие не беа доволни. Еден од капитените можеше да биде Озил, но соблекувалната не сакаше тој да биде капитен. Неговото ниво на посветеност не беше на она на кој треба да биде капитен и јас тоа не го одлучив, така решија играчите, -истакна Емери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни