Поврзете се со нас

Англија

Емери со среден прст за англиските фанови кои се обидоа да се поигруваат со него (Видео)

Објавено

на

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа стратегот на Вилјареал, Унаи Емери како влегува во вербален клинч со англиски фанови.

Имено, Вилјареал во текот на вчерашниот ден одигра пријателса средба со Саутемптон во Англија, а по заминувањето на шпанскиот клуб од стадионот, Емери делеше автограми на присутните фанови.

И додека дел од фановите побараа негов автограм, двајца се решија да си поигруваат со него поради времето поминато во Арсенал.

Еден од навивачите побара Емери да каже „Good ebening“.Причината за тоа е што Емери додека бил во Арсенал пред почетокот на прес конференциите ги поздравувал присутните со поздравот „Good evening“, но поради неговиот акцент изгледало како да вели „Good ebening“. Од тогаш тој постојано бил исмеван од навивачите на социјалните мрежи.

Откако еден навивач го натера да го каже тој поздрав повторно, друг шеговито се надоврза дека во Арсенал Емери завршил одлична работа.

Шпанскиот стратег не премолче на ваквите „напади“ и ги поздрави навивачите со среден прст, а видеото од тој момент веднаш стана вирално на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни