Поврзете се со нас

Лига Европа

Емери: Резултатот не е фер, направена е голема штета со досудениот пенал (Видео)

Објавено

на

Букајо Сака извади „џек-пот“ за Арсенал во ситуација кога тимот од Северен Лондон изгледаше грогирано на гостувањето во Шпанија, бидејќи најпрво изнуди пенал за намалување на 2:1, а потоа изнуди и црвен картон за противникот Капуе.

Вилјареал скапо ја плати цената што не ги искористи добрите шанси со кои можеше да има позитива од три или четири голови разлика, па сега Арсенал е и тоа како жив во оваа полуфинална пресметка, бидејќи во Англија се врати со минимален пораз изразен со еден гол разлика, но и со даден гол на гостински терен.

Унаи Емери можеше да биде задоволен од случувањата против неговиот поранешен клуб до 70-та минута, но во последните 20 доживеа неповолни вести и поради тоа беше разочаран по триумфот од 2:1.

– Нормално беше што Арсенал притисна при крајот кога имаше негатива од 2:0. Ние имавме свои шасни за трет гол, а резултатот 2:0 не натера да мислиме и на својот гол, да не примиме погодок, – изјави Емери кој не може да сфати како беше досуден пенал за Сака, откако играчот на Арсенал се удри во ногата на Тригерос кој правеше се за да го избегне офанзивниот фудбалер.

– Тоа не беше пенал, направија голема грешка, а таа е уште поголема бидејќи можеше да се користи ВАР. Во првиот дел прегледуваше една ситуација, а во вториот случај не сакаше. Овој резултат не е фер, но сепак остваривме победа, – изјави Емери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни