Емери прослави пожртвуван старт како постигнат гол и стана хит на социјалните мрежи (Видео)

emeri-race

Арсенал ја отвори со победа новата натпреварувачка сезона во Премиер лигата, откако составот од Северен Лондон успеа да слави на гостувањето на „Ст.Џејмс парк“ со миниманлни 0:1.

Погодокот на Пјер Емерик Обамејанг се покажа како клучен за триумфот кој го остварија „топчиите“, но во последните неколку часа, во прв план се најде една реакција на менаџерот Унаи Емери за една акција која ја прослави како гол. 19-годишниот Вилок доби шанса од својот тренер, а токму една негова реакција по загубена топка направи Емери да го видиме во страствено издание, прославувајќи го стартот како постигнат погодок…

Facebook Коментари