Поврзете се со нас

Англија

Емери откри дека Арсенал не му ја исполнил првата трансфер желба и парите ги пренаменил за Пепе: Мојот избор веднаш ќе се адаптираше

Објавено

на

blank

Унаи Емери си пронајде нова работа во родната земја и мора да се напомене дека многу добро му оди во Вилјареал од стартот на сезоната, но една година по отказот кој го заработи од Арсенал, во Северен Лондон се уште се свежи сеќавањата од последниот летен преоден рок кој го имаше шпанскиот стручњак.

Пред затворањето на летниот преоден рок, Емери доби рекордно засилување од страна на одговорните лица кои платија нешто повеќе од 70 милиони фунти за Николас Пепе, крилниот фудбалер кој веќе втора година се мачи со адаптацијата во англиската елита.

Токму поради оваа причина, Емери сега открива дека негов приоритет бил друг играч, односно ѕвездата на Кристал Палас, Вилфред Заха. Самиот Заха пред извесно време обелодени дека не можел да ја сфати одлуката на Арсенал кој ги стопираше преговорите со него, а сега се надоврза и трофејниот шпански стручњак.

– Кога сум јас во прашање, обично сакам да купувам играчи кои ги познавам. Кога игравме против Кристал Палас, Заха ни докажуваше дека е фантастичен фудбалер кој добро ја познава Премиер лигата, – изјави Емери за „Football London“ и додаде.

– Јас верувам дека Пепе е многу добар играч, но кога носите така важна одлука, едноставно морате да претпоставите кои побрзо ќе се адаптира. Адаптацијата ќе беше полесна за Заха, а од друга страна пак, никој не можеше да знае колку време ќе му треба на Пепе. На некои играчи им треба доста долго време, сигурен сум дека со Заха ќе добиевме брз продукт, – потенцира Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни