Шпанија
Емери објасни зошто Реал е во пол позиција за Мбапе: Тој ќе испише една ера во Мадрид
Унаи Емери имаше можност да го тренира Килијан Мбапе како предводник на ПСЖ и дефинитивно станува збор за човек кој може да говори за квалитетите на сензационалниот Французин, кој интересно не престанува да биде во центарот на вниманието пред секое отворање на трансфер пазарот.
Летниот преоден рок оваа година ќе биде поместен поради коронавирусот и малку веројатно е дека ќе видиме некој бомбастичен трансфер поради сериозните финансиски штети кои ги нанесе пандемијата, но сето тоа оди во прилог на клубовите кои сакаат да го видат Мбапе во своите редови поради една причина.
Мбапе има договор со ПСЖ до 2022-ра година и „светците“ ќе бидат приморани да преговараат за негов трансфер веќе наредниот јануари или јули ако не сакаат да го загубат без никаква отштета, ситуација која будно ја следи Реал Мадрид, клубот кој го посакува Килијан, но и клубот во кој младиот напаѓач се гледа себеси.
– Килијан има квалитети да испише една ера во Реал Мадрид. Ако се вратам во Шпанија, сакам да го гледам во Примера. Има одредени работи кои не го исполнуваат Мбапе во ПСЖ и поради тоа тука е Реал Мадрид.
– Ние сме среќни што ги имаме двата најдобри клуба во светот и јас сакам да ги гледам најдобрите играчи во светот во нашата лига, – порача Емери за „АС“.
-
Англијапред 23 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 22 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 11 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
НБАпред 24 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Шпанијапред 21 час
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти откако Белингам првпат остана без минутажа на теренот: Џуд ми ја олесни работата
-
Шпанијапред 20 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)