Емери објасни како историскиот дебакл од „Камп Ноу“ му е од голема корист за мега дуелот со Реал

emeri-press

Барселона минатата година го совлада ПСЖ со историски 6:1 на „Камп Ноу“ и за првпат беше надокандена една негатива од четири гола на еден двомеч во Лигата на шампионите, шок кој мора да се напомене дека неколку месеци ги прогонуваше парижаните кои во продолжение останаа и без титулата во домашното првенство.

Тимот на Унаи Емери комплетно потфрли на тој меч, а откако сезоната беше окарактеризирана како крајно неуспешна од раководството, изминатово лето на „Паркот на принцовите“ беа направени неколку мега трансфери, од кои посебно се издвојуваат оние на Нејмар и Мбапе. ПСЖ оваа година е играчки многу посилен и ростерот на играчи е многу побогат во споредба со оној од минатата година, но сега Унаи Емери се обиде да објасни како дебаклот од Барселона на „Камп Ноу“ му помага во подготвувањето и стратегијата за големото дерби со Реал кое се игра вечерва на „Бернабеу“.

– Всушност, подготувањето за дуелот со Реал Мадрид започнува од тој натпревар, тоа беше огромно искуство за нас. Во подготовките за преметката со Реал, јасно говоревме за дуелот со Барселона. Од работите кои сте ги упропастиле и во кои сте потфрлиле се учи многу, затоа сега сме многу подобро подготвени од тогаш. Тој меч позитивно влијае на нашата психа, знаеме дека не смееме да си дозволиме такво нешто, – вели Емери.

Facebook Коментари