Емери лут на две големи ѕвезди на ПСЖ: Ќе треба да одговараат зошто не се појавија на тренингот

emeri-svirce

ПСЖ во недела го игра својот натпревар во купот на Франција против екипата на Рен, а во пресрет на ова гостување атмосферата во тимот од француската престолнина не беше воопшто пријатна, пред се поради отсуството на две големи ѕвезди.

Единсон Кавани и Хавиер Пасторе не се појавија на денешниот тренинг и покрај тоа што имаа за задача да бидат дел од истиот, а тоа воопшто не му се допадна на тренерот Унаи Емери кој по крајот на обврските во тренинг центарот одржа прес-конференција за новинарите.

На истата, шпанскиот стручњак ги опомена двете јужноамерикански ѕвезди кои самостојно си ги продолжи новогодишните празници, порачувајќи им дека ќе треба да даваат објаснување пред него, но и пред челните луѓе на ПСЖ.

– Баш сакам да слушнам што имаат да ми кажат кога ќе се вратат. Мора да имаат свои аргументи пред мене, но и пред челниците на клубот. Можно е Кавани да се врати денеска, но не сум сигурен. И двајцата не информираа вчера дека ќе се вратат со задоцнување, но не објаснија зошто, – порачал лутиот и принципиелниот Емери.

Facebook Коментари