Поврзете се со нас

Англија

Емери и Астон Вила славеа пласман во ЛШ, фановите детектираа чудна реакција на првата ѕвезда (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AVFCOfficial

Астон Вила заслужено обезбеди пласман во Лигата на шампионите, а таквиот успех беше потврден со вчерашниот пораз на Тотенхем од Манчестер Сити.

Заостанатиот премиерлигашки дуел со совпадна со гала свеченоста на која клубот од Бирмингем ги доделувал годишните награди, а на вечерата биле присутни сите фудбалери, стручниот штаб, менаџментот и нивните најблиски.

Клубот сподели фотографија на која се гледа како Унај Емери и сите околу него прославуваат следејќи го натпреварот, но фановите на Вила не ја пропуштија невообичаената реакција на првата ѕвезда и голгетер Оли Воткинс.

Во целата еуфорична атмосфера, Воткинс се издвојува со однесувањето, а фановите тврдат дека тоа само го потврдува фактот дека тој е фан на Арсенал.

Во минатото, Воткинс во неколку интервјуа потврдил дека сонува да го носи дресот на „топчиите“, дека негов идол бил Тјери Анри, па се чини дека го погоди триумфот на Сити и намалените шанси на Арсенал да ја освои титулата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни