Емери со големо изненадување во стартната постава ќе излезе на „Бернабеу“!

kimpembe

Шпанските и француските медиуми во изминативе неколку дена постојано излегуваат со најразлични информации поврзани за мега пресметката меѓу Реал Мадрид и ПСЖ која се игра вечерва на „Сантијаго Беррнабеу“, но дефинитивно, најизненадувачката вест на само неколку часа пред дуелот ни пристигнува од угледниот „Лекип“, и истата се однесува на неочеувана одлука која ја донел Унаи Емери.

Угледниот француски весник потпирајќи се на инсајдерски информации од соблекувалната на „светците“, информира дека Унаи Емери ќе излезе со едно големо изненадување во својата стартна постава на дуелот против „кралевите“, оставајќи го на клупата за резерви својот капитен и досегашен лидер во одбраната на францускиот состав.

„Лекип“ тврди дека Тиаго Силва нема да се најде во старната постава на вечерашниот меч во шпанската престолнина, исто така посочувајќи дека друштво на Маркињос во стоперскиот тандем ќе му прави младиот 22-годишен стопер, Преснел Кимпембе. Оваа ексклузива на францускиот весник експерсно ја пренесоа сите влијателни светски медиуми, а дали тоа ќе се покажа како прав избор на Емери останува да покаже натпреварот.

Facebook Коментари