Поврзете се со нас

Англија

Емери го најави голот со инструкциите кои ги даваше од клупа, па приреди шоу крај аут линијата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AVFCOfficial

Сер Алекс Фергусон уште во првото коло предвиде дека Астон Вила ќе биде најпријатно и најголемо изненадување оваа натпреварувачка сезона, а ако се види табелата после 13 одиграни кола, може слободно да се заклучи дека легендарниот Ферги беше во право.

Тимот од Бирмингем игра навистина добро под водство на Унаи Емери и во моментов е на четвртото место на табелата, откако изминатиот викенд доби уште еден голем меч.

Астон Вила славеше на гостувањето во Северен Лондон кај Тотенхем со 1:2, а режираниот пресврт е доста популарен и поради реакцијата која ја имаше шпанскиот стручњак пред првиот гол и откако беше постигнат истиот.

Интересно, Емери како да го најави израмнувањето и му викаше на стоперот Пау Торес да замине во противничкиот шеснаесетник, а изведениот прекин заврши со негов гол во мрежата на Викарио.

Унаи еуфорично го славеше погодокот по укажаните инструкции, а тоа беше најава за превртот кој беше комплетиран во вториот дел со голот на Воткинс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни