Поврзете се со нас

Англија

Емери доби голема награда откако ја однесе Астон Вила во ЛШ (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/AVFCOfficial

Астон Вила сериозно напредуваше со Унаи Емери во изминатите 18 месеци, па сега шпанскиот стручњак доби награда која навистина ја заслужи.

Емери ја презема Вила во моменти кога беше на 17-то место на табелата на крајот на 2022-ра година, па откако во првата сезона го однесе тимот до седмото место, оваа беше уште подобра.

Тимот од Бирмингем заврши на четвртото место на табелата во Премиер лигата и се пласираше во Лигата на шампиони, а тоа го натера раководството да го награди Емери со побогат и подолг договор.

Иако важечкиот му истекуваше во 2027-ма година, Емери потпиша нов кој сега ќе трае до 2029-та година.

– Многу сум среќен што го преземам овој чекор и што ќе имам голема одговорност во водењето на овој клуб. Откако дојдов во Астон Вила, наидовме на најдобро опкружување и ова е проект со највисоки амбиции. Сите кои сме во клубот имаме иста визија и тоа не води напред. Има одлична хемија во Астон Вила, а поддршката од фановите прави да се чувствувам како дома. Навистина сум возбуден што ќе го продолжиме ова патување, – изјави Емери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни