Поврзете се со нас

Англија

Емери: Дербито со Јунајтед се игра за шест бода

Објавено

на

Foto:twitter.com/AVFCOfficial

Астон Вила доживеа незгоден пораз од Челси на домашен терен во рамките на ФА купот, но веќе мора да се фокусира на уште еден дерби дуел, тој со Манчестер Јунајтед во домашното првенство.

Избраниците на Унај Емери повторно се домаќини и тоа против Јунајтед кој сезонава има слични амбиции, а тоа е место во Топ 4 и пласман во Лигата на шампионите.

Менаџерот на Вила истакнал дека речиси сите негови фудбалери се на располагање, но и дека натпреварот со Јунајтед вреди многу повеќе од три бода.

– Нашата главна цел е да имаме континуитет во резултатите во Премиер лигата и мислам дека успеваме да оствариме такво нешто.

– Секој натпревар е важен, а тоа посебно важи за дуелот во недела. Против Манчестер Јунајтед играме за шест бода, – рекол Емери.

Вила во моментов е на четвртото место со солидни осум бода предност во однос на гостите од Манчестер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни