Англија
Емери бил против ангажман на историското засилување на Арсенал: Го побарав играчот кој сам не победи!
Арсенал изминатото лето направи историски подвиг на трансфер пазарот, издвојувајќи неверојатни и рекордни 72 милиони евра за ангажманот на Николас Пепе, талентираниот крилен напаѓач на Лил кој имаше блескава сезона во француската Лига 1.
Сепак, најскапото засилување во историјата на Арсенал има навистина тежок старт на животот во Англија и дури западна во втор план под водство на Унаи Емери, а неколку месеци по отказот кој го заработи, шпанскиот стручњак се отвори и откри дека тој воопшто не сакал да го купи фудбалерот.
Емери обелоденува дека негов прв избор бил Вилфред Заха од Кристал Палас, фасцинантно продорниот фудбалер за кого сметал дека ќе може да добива натпревари за Арсенал.
– Го купивме Пепе минатото лето. Тоа е добар играч, но ние не ги знаевме неговите точни карактеристики и беше јасно дека ќе биде потребно време и трпение со него. Јас сакав некој друг, го побарав играчот кој е адаптиран на оваа лига. Заха добиваше сам натпревари. Не победи сам нас, победуваше сам и против Тотенхем, Манчестер Сити.
– Тој имаше неверојатни перформанси, но Арсенал ми порача дека гледа на иднината. Се сретнав со Заха и тој сакаше да дојде, но на крајот се купи Пепе, а не играчот кој сам не победуваше, – вели Емери за „Гардијан“.
-
Италија23 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија24 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија18 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија17 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија15 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет21 час
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Свет20 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)