Поврзете се со нас

Светски првенства

Емболо им пресуди на своите: Швајцарија запиша важна победа против Камерун (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Швајцарија имаше успешен старт на шампионатот во Катар каде во првиот меч од денешната програма го доби Камерун со 1-0.

Во дуел во кој двете селекции направија по неколку шанси како подобри се покажаа избраниците на Јакин кои дојдоа до три бода кои можат да бидат од исклучително значење во оваа група во која е уште Бразил и Србија.

Клучниот момент се случи во 48 минута кога Шаќири испрати топка во шестнаесетникот, а истата ја искористи Емболо кој ритунски го матираше Онана. Напаѓачот на Монако не го прослави овој гол и покажа почит кон земјата во која е роден и во која се уште живее неговиот татко.

Швајцарија во втората рунда игра со Бразил, додека Камерун шанса за први бодови ќе бара против Србија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни