Поврзете се со нас

НБА

Ембид заработи незгодна повреда за нова пауза, Денвер ги преслуша Клиперс и со скромен Јокиќ (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/sixers

Натпреварите одиграни утринава во НБА донесоа нови интересни соочувања, но и незгодна повреда на лицето за Џоел Ембид.

Ѕвездата на Филаделфија заработи удар во лицето во дуел со Матурин од Индијана, по што не можеше да го продолжи натпреварот, кој неговиот тим на крајот го загуби од Индијана.

Првите информации од САД се дека Ембид има најмалку една фрактура, но деталните прегледи ќе покажат што се настрадало од ударот на противничкиот кошаркар.

На теренот доминираа Халибартон и Сиакам со 32, односно 23 поени.

Никола Јокиќ имаше невообичаено скромен учинок на дуелот со Л.А Клиперс, но неговиот Денвер славеше со убедливи 120:98, за ефект 13:10 со кој е на шестото место на Западот.

Србинот го заврши дуелот со 16 поени, а од него поефикасни биле Портер и Мареј.

Кливленд – Вашингтон 115:105
Филаделфија – Индијана 107: 121
Чикаго – Шарлот 109:95
Мемфис – Бруклин 135:119
Минесота – Л.А Лејкерс 97:87
Денвер – Л.А Клиперс 120:98
Јута – Фeникс 126:134
Портланд – Сан Антонио 116:118

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни