Поврзете се со нас

НБА

Ембид: Убив лав на шест години

Објавено

на

Foto:twitter.com/sixers

Американскиот репрезентативец и член на Филаделфија Севентисиксерс, Џоел Ембид раскажа интересна анегдота од своето детство, ситуација во која на шест години убил лав.

Ембид кој е роден во Камерун ова го обелодени во шоуто на Ден Патрик и воедно посочи дека уште од мал го добил прекарот „Убиец на лавови“.

-Кога имав шест години, морав да одам во џунглата за да убијам лав. Тоа беше начин да докажам дека сум маж. Влегов во џунглата, носејќи копје и го фрлив на заспаниот лав. Така го убив.

-Потоа го носев тој лав на грб до моето село и кога го донесов, докажав дека сум маж. Значи, јас сум маж од својата шеста година. Јас сум поинаков од другите и тоа си го кажувам цел живот, -вели Ембид кој во 2023 година го доби признането за најкорисен играч во НБА лигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни