Поврзете се со нас

НБА

Ембид се врати со моќен настап, Батлер рано се пресели во соблекувалната на Мајами

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/sixers

Џоел Ембид се врати во својата екипа, па со неговиот ефект Филаделфија успеа да издоминира во дуелот со Шарлот, додека Мајами загуби од Оклахома Сити, а Џими Батлер рано го завршил дуелот поради повреда.

Ембид имаше фрактура на лицето, но пропушти само еден натпревар, за утринава да реализира 34 поени во дуелот со Хорнетс. Тренерот Ник Нрс најави дека Ембид сепак ќе го пропушти тешкиот предизвик со Кливленд кој е на програмата вечерва.

Макси со 23 и Убре со 22 поени биле веднаш зад него во однос на реализацијата, додека Мициќ бил најдобар поединец кај Шарлот со 20 поени.

Џими Батлер заработи повреда на зглобот и го заврши настапот во дресот на Мајами без поени, додека неговиот тим загуби од Оклахома Сити на домашен терен. Вилијамс со 33 и Гилџус-Александер со 25 поени биле најдобри реализатори кај гостинската екипа.

Кливленд на домашен терен го доби дербито со Милвоки и тоа благодарение на добриот настап на неколку играчи, кои завршија со двоцифрен учинок.

Мичел ги предводел соиграчите со 27 поени, додека Јанис Адетокумбо издоминирал кај гостите со 33 поени.

Филаделфија-Шарлот 108:98
Кливленд-Милвоки 124:101
Мајами-Оклахома Сити 97:104

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни