Поврзете се со нас

НБА

Ембид обелодени што му дошепнал на Јокиќ по крајот на мечот (Видео)

Објавено

на

Џоел Ембид ја доби пресметката со Никола Јокиќ и со 41 поен ја водеше својата Филаделфија до пресврт над Денвер, триумф кој беше одбележан и од сцената на крајот од мечот.

Главната ѕвезда на „сиксерси“ имаше срдечен момент со Србинот, па иако НБА фановите се обидуваат да внесат „зла крв“ во нивното ривалство, реалнота е дека двајцата неизмерно се почитуваат.

Американските новинари брзо се погрижија да дознаат што му дошепна Ембид на Јокиќ, бидејќи самиот Џоел откри какви зборови му посветил на играчот кој го однесе Денвер до шампионскиот прстен.

– Едноставно е, му кажав дека е најдобриот играч во лигата. Ова го имам кажано и претходно за него. Тој им го донесе шампионатот, Денвер е најдобар тим во лигата и Јокиќ беше МВП во големото финале. Му порачав да продолжи како досега и дека ќе се видиме повторно за две недели. Му реков да остане ист како досега бидејќи е најдобар во лигата, – изјави Ембид кој на 18 натпревари во низа постигнува повеќе од 30 поени.

– Оставам работите да одат пририодно и засега добро ми оди. Имам вакви бројки благодарение на момците во тимот, тие ме туркаат и ми овозможуваат да бидам во најдобри позиции за постигнување поени. Ми веруваат и тоа е клуч за успехот, не можам сам да дојдам до такви бројки, – изјави Ембид кој беше избран за МВП играч во регуларниот дел за минатата сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни