Поврзете се со нас

НБА

Ембид: Луѓето лажат ако кажат дека не ги интересира МВП наградата

Објавено

на

Foto:twitter.com/sixers

Џоел Ембид веќе неколку години е во најтесен круг за МВП наградата во НБА лигата, но се чини дека толку оваа сезона има најголеми шанси да го добие тој трофеј за најкорисен играч во шампионатот.

Камерунецот кој сега има и француски пасош има блескава кампања со Филаделфија Севентисиксерс, па се надева дека тоа одлично индивидуално признание ќе заврши во неговите раце.

-Ако луѓето велат дека не се интересира МВП наградата, тие ве лажат. Тоа е најдобриот трофеј што играчот може да го освои, многу значаен. Ако јас го освојам, тоа ќе ги оправда целиот труд што го вложив во текот на целата сезона. Затоа се грижам за наградата МВП, затоа што кога вложувате толку многу напор и кога ќе го добиете тоа признание, тоа значи дека не сте го потрошиле вашето време, -порача центарот на кого најголемо против кандидати во трката му се Никола Јокиќ од Денвер Нагетс и асот на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо.

Актуелен носител на МВП признанието е Јокиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни