Поврзете се со нас

НБА

Ембид ќе потпише нов супер богат договор со Филаделфија

Објавено

на

Најголемата ѕвезда на Филаделфија Севентисиксерс, Жоел Ембид ќе потпише нов супер максимален договор со клубот од „Велс Карго Центарот“.

Еден од најдобрите центри во лигата се одлучил да каже „ДА“ за понудата вредна 196 милиони долари за четири години. Со ова Камерунецот ќе остане во Филаделфија до сезоната 2026/2027, период во кој вкупно ќе заработи 261 милиони долари затоа што му остануваат уште две години и 65 милиони долари од актуелниот договор.

Во новата договорена соработка нема точки за повреди како во претходниот, односно Филалдефија нема да се заштити како во минатото кога Ембид има доста проблеми со повредите.

Човекот кој минатата кампања ја заврши на второто место во трката за МВП (Никола Јокиќ беше прв) во досегашната кариера има бројки од 24,8 поени и 11,3 скокови и 3,1 асистенција по натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни